You are currently viewing Добредојде Хакан!

Добредојде Хакан!

Здраво Скопје! Јас сум Хакан, доаѓам од Измир, Турција.

Целото мое патешествие започна кога учествував во проектот на AIESEC Izmir: „Myself My World“ во 2012 година како свеж средношколец. Бев фасциниран кога видов дека многу млади луѓе прават чекор напред за волонтирање и доаѓаат во мојот град од целиот свет. Од тогаш знаев дека еден ден и јас ќе бидам како нив. Среќен сум што конечно ја имам таа шанса овде со Волонтерски Центар Скопје. Ќе биде повеќе од доволно ако можам да го сменам животот на некое друго момче на ист начин како што јас бев под влијание на други волонтери.

Иако не сум професионалец, јас сум огромен љубител на танцот, а во средношколските и факултетските години танцував салса, бачата, танго, сиртаки и турски народни ора. Како убава случајност, дури учествував на Меѓународниот фестивал на фолклорот во Лорет де Мар, Шпанија и тоа со оро што потекнува од Скопје 🙂 Дипломирав на одделот за поморско инженерство и сакав да направам пауза, правејќи нешто што немаш можност да го правиш постојано. Многу сум возбуден што ќе научам многу работи од мојот нов, вреден тим и се надевам дека успешно ќе го откријам писателот во мене.

Хакан Јагчи