You are currently viewing Повик за обука во Франција!

Повик за обука во Франција!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “UNITY CANVAS: Collective Art for Wellness & Awareness” во Франција.

Место: Дордоња, Франција
Датум: 29.04 – 6.05.2024

За проектот:
Обуката ќе собере 20 младински работници поддржани од 3 обучувачи кои преку работилници ќе презентираат различни пристапи за дизајнирање и олеснување на меѓукултурното и колективното уметничко создавање за благосостојба на младите и еколошката свест.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Solidarités Jeunesses

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 18.04.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.