You are currently viewing Повик за обука во Литванија!

Повик за обука во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Breaking the cycle” во Литванија.

Место: Даугирдишкес, Литванија
Датум: 22.05 – 30.05.2024

За проектот:
„Breaking the cycle“ е обука дизајнирана да ги опреми учесниците со неформални алатки за ментална благосостојба при нивната работа со младите. Обуката има за цел да ги подобри вештините за активно слушање, управување со стрес и психолошка прва помош, како и да ја подигне свеста и да го промени начинот на размислување за менталната благосостојба, промовирајќи позитивен и поддржувачки пристап во секојдневните интеракции.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Generation Echo, Литванија

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 31.01.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.