Здраво! Јас сум Анџелина, имам 19 години и доаѓам од Констанца, Германија.
Минатото лето откако завршив средно училиште, добив случајна шанса да го откријам целиот свет преку проектите од програмата „Еразмус+“. На мојата прва младинска размена запознав прекрасни луѓе од Македонија, кои ме натераа да ја истражам малку нивната земја.
Неколку коинциденции подоцна, се најдов себеси како аплицирам да бидам волонтер во Волонтерски Центар Скопје, поминувајќи низ најзбунувачкиот процес на добивање работна виза и помалку хаотични први денови во Скопје. (Но, сепак бев пречекана многу топло, и веќе се чувствувам прилично удобно тука!)
Ова ќе биде неверојатно искуство кое најверојатно ќе го паметам до крајот на мојот живот! Многу сум возбудена што ќе ја почувствувам македонската култура, јазикот, луѓето и секако храната!
Покрај храната, сакам и пингвини, читање, есен, фотографија, сомбреро, сликање и во основа секаков вид филм/тв шоу/анимиран. Понекогаш се возбудувам за најслучајните работи. 🙂
Па, ќе видиме какви прекрасни спомени ќе ме чекаат следната година!
Се гледаме!
Анџелина Берндт