You are currently viewing Топло добредојде за Камелија од Франција!

Топло добредојде за Камелија од Франција!

Здраво, јас се викам Камелија, имам 21 година и доаѓам од Лил, Франција. Дојдов во ВЦС на 9 месеци преку проектот Civic Service. Откако дипломирав во насоката на комуникација, сакав да се одморам пред моите магистерски студии. Да станам волонтер во ВЦС беше навистина важно за мене бидејќи сакам да бидам корисена за време на мојата едногодишна пауза. Има смисла и за мене да волонтирам во друга земја за да откријам различна култура и начин на работа и нови луѓе од различни националности! Првпат ја напуштам Франција на подолг период и живеам „сама“, па затоа сум многу возбудена поради ова ново искуство.

Во ВЦС ќе имам две главни задачи: да учествувам во проектот на списанието Воисес и да работам во Дневниот центар за деца на улица. Среќна сум што ги имам овие две задачи бидејќи ми овозможуваат да работам на две полиња што ме интересираат: новинарство и социјална работа. Всушност, 5 години учествував во Франција на волонтерски медиум, открив нова страст: емитување информации до сите луѓе и практикување на сите видови медиуми како радио, видеа или пишување. Бев вклучена и во Франција во здружение кое работи за вклучување и пристапност на лицата со попреченост што ме натера да сакам да работам во социјална структура.

Во слободното време сакам да споделувам моменти со семејството и пријателите, да слушам музика, но особено да јадам… Јас сум љубител на храна! Одвај чекам да ја откријам Македонија, нејзините пејзажи, нејзината култура и да ги запознам луѓето кои живеат овде. Се надевам и дека ќе патувам низ Македонија и ќе истражам различни земји и ќе станам вистински глобтротер!

Во текот на оваа година се надевам дека ќе пораснам во рамките на моите професионални, но и лични компетенции. Ќе дадам се од себе да бидам добар волонтер и мислам дека ќе имам прекрасно искуство во ВЦС.

Камелија Шаиар