You are currently viewing Топло добредојде за Катарина од Финска!

Топло добредојде за Катарина од Финска!

Здраво, се викам Катарина и имам 19 години. Минатото лето завршив средно училиште, па решив да направам нешто поинакво, а долгорочен проект во Македонија звучеше возбудливо! Сега сум многу среќна што конечно сум тука по долгиит процес на добивање работна виза. Во текот на овие неколку дена колку што сум овде, веќе сретнав толку многу љубезни и топли луѓе и со нетрпение очекувам подобро да ги запознаам.

Во слободното време сакам да бидам со моите пријатели. Обично играме табла или карти, но што е најважно, ние сме големи обожуватели на натпреварот за песна на Евровизија! Исто така, преку лето сакам да бидам во викендичка и да се разладувам, едноставно да не правам ништо. Понекогаш морам да си ја „разбистрам“ главата со спортување. Претпочитам трчање и скијање, така што атлетиката е нешто што го практикувам.

Во Македонија дефинитивно сакам да ги истражам сите места и подобро да ја запознаам културата и особено храната! Сигурна сум дека ќе имам прекрасни 8 месеци овде, па сега веќе почнувам со оваа авантура!

Катариина Веијо