You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Facilitation skills for inclusive educational activities” во Романија.

Место: Арад, Романија
Датум: 25.01.2023 – 02.02.2023

За проектот:

Обуката за проектот: „Facilitation skills for inclusive educational activities” е посветен на младински работници, обучувачи и фасилитатори кои се вклучени во активности за учење со млади луѓе што се соочуваат со различни видови на попреченост.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor Association  

Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 23.11.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.