You are currently viewing VOICES December 2022

VOICES December 2022

Бидејќи уште една година се ближи кон крајот, многумина имаат тенденција да се осврнат на тоа што правевме годинава. Понекогаш е добро да се погледне длабоко во убавите и необични нешта што се таму, а не на работите што не се. Работите што можат да се случат наместо работите што не се случиле.

Во овогодинешното последно издание на „Воисес“, канцеларискиот ум опфати некои многу хумани теми меѓу многуте други. Ќе најдете прекрасна анализа за сложениот живот што Хајао Мијазаки го прифаќа во неговите филмови и суптилните, но сепак значајни детали од световите што ги создава. Можеби ќе откриете некоја трогателна литература преку написот на македонската писателка Лидија Димковска.

Што треба да превземете за да го живеете животот што навистина го сакате? Погледнете дали нашата статија за одложениот живот зборува за вас. Но, кога почнуваме да бараме живот кој личи на нас, не треба да го заборавиме влијанието на нашите постапки врз другите и околинатат. Ќе најдете интересни написи за причините и ефектите од ловокрадството и за позитивното влијание на волонтирањето во малиот голем свет на Дневниот центар за деца од улица во Шутка.

Возбудена сум поради материјалот што го нудиме во ова издание на „Воисес“. Затоа ве советувам, наш читателу, внимателно да го прочитате ова издание. Нурнете во она што го читате. Потоа одвојте момент за себе и размислете што ви донесе радост оваа година. Дали има нешто што би можеле да го направите следната година за да биде подобро за сите? Земете здив и приземјете се за момент. И ако некогаш ви треба потсетник за убавината на животот, гледањето филм на Хајао Мијазаки е добар почеток.

Аника Питканен

VOICES December 2022 PDF