You are currently viewing ВОИСЕС Септември 2020

ВОИСЕС Септември 2020

Нашиот дом во изминативе месеци се претвори во добро познато место за нас отколку било кога до сега. Оваа година летото го поминавме во истражување на нашите соседства и патувања низ земјата во која живеееме. Никој не може да рече дека беше лесно но сепак, и покрај сѐ, тоа ни внесе убави работи во нашите животи. Ова беше главната замисла на која работевме изминативе седмици, истражувавме приказни од музиката, културата и уметноста од најблиската околина.

Не требаше да одиме многу далеку за да ги најдеме нашите приказни, нашиот дом Скопје има многу да понуди. Седнавме заедно со момците од Фикшн бендот да слушнеме за нивната музика, отпатувавме на Преспанското езеро да попливаме малку помеѓу планините, собравме чудесни фотографии од цела Македонија од нашиот пријател Круме и ја проследивме зелената патека преку меѓународниот фестивал на светлосна уметност во Скопје. Отидовме на скопската железничка станица и се запознавме со неколку продавници за стари работи од Старата Чаршија. Нашите дописници од други земји го искористија времето да ни испратат приказни за Земјата, за уметноста и за една инспиративна жена-Вангари Матај.

Секогаш ќе има нешто убаво во светот ако знаете каде да побарате. Овој месец ви го нудиме тоа во облик на ВОИСЕС, со надеж дека ќе донесе насмевка на вашите лица.

Со љубов од тимот на ВОИСЕС

Преземете PDF тука