Ноември е месец на благодарност, и иако е некако груб годинава, сепак е потсетник дека мораме да размислуваме, да бидеме свесни и благодарни за она што веќе сме го постигнале, притоа да поставуваме цели и да се стремиме повисоко и повисоко. Истото го направи и Томаш Собанија, 23-годишно момче, кој секој ден трча еквивалент на маратон од Полска до Италија. Но, дали некогаш сте се запрашале што доведува до успех? Дали е тоа среќа? Или напорна работа? Кралицата на гимнастиката Симоне Билес откри брутална вистина за успехот.
Тоа е, исто така, месец на сеќавање каде одвојуваме време да се потсетиме на Кристина Скарбек, шпионка родена во Полска за време на Втората светска војна, и да бидеме носталгични додека откриваме стари автомобили во Скопје. Да не ги заборавиме и локалните кучиња – скитници згрижени од „Daisy Family Rescue“.
Многу настани се случија во текот на минатиот месец. Некои од нашите волонтери имаа шанса да присуствуваат на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Германија. Погодете кој победи? Во меѓувреме, група од 25 европски младинци отпатуваа во Струга да стекнат искуство кое ќе им го промени животот, разговарајќи за начините за справување со нетолеранцијата и со дискриминацијата.
Подгответе си шолја топол чај и читајте го вашиот омилен месечник!
Лусил Геган