You are currently viewing Запознајте го Муамер, новиот ЕСК-волонтер од Турција

Запознајте го Муамер, новиот ЕСК-волонтер од Турција

Здраво на сите,

Моето име е Муамер. Роден сум во Анкара во Турција. Имам 28 години. Дипломирав на Техничкиот универзитет „Black see (Црно Море)“. Сакам да читам книги и да се дружам. Имам брат.

Програмата Европски Солидарен Корпус им дава можност на луѓето да ги пренесат своите искуства и знаења. Остава незаборавна трага на човечкиот живот. Во исто време, постои можност да запознаете различна култура. Секој човек е различна приказна. Секоја географија е полна со разлики.

Сакам да патувам, па дојдов во Македонија. Верувам дека ќе стекнам добри пријатели и приказни со Волонтерски Центар Скопје. Никогаш претходно не сум бил во странство, што дополнително ме возбудува.

Се ќе биде во ред.

Муамер Бозкурт