You are currently viewing Повик за волонтери во Шпанија!

Повик за волонтери во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество во долгорочниот ЕСК–проект “Youth at risk of social exclusion” во Шпанија.

Место: Сабадел и Матаро (во близина на Барселона), Шпанија
Период: 1.12.2021–31.11.2022

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји ги имаат за влез на македонски државјани. !!

За проектот:
Проектот е дизајниран да им овозможи на волонтерите да ги развијат своите лични и професионални вештини, помагајќи во различни активности со малолетници и млади луѓе во ризик од социјална исклученост. Во зависност од профилот на волонтерите, тие ќе помагаат во различни центри и ќе имаат различни задачи поврзани со активности за млади и деца со помалку можности.

Повеќе информации: Infopack

Проектен партнер: Fundació EVEHO

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по шпански јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект “Youth at risk of social exclusion”)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 09.11.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.