You are currently viewing VOICES May 2020

VOICES May 2020

Домот е силно поврзан со безбедноста и со мирот. Без оглед дали домот за вас е семејната куќа, омиленото место што ви го освоило срцето од почеток, вашата земја или целиот свет. Има повеќе дефиниции. Но, секогаш треба да значи дека дома се чувствувате безбедни и мирни. Деновиве сигурно го слушате заедничкиот светски слоган: “Останете дома”. Прашањето е дали луѓето се уште можат да го пронајдат оној “безбеден и мирен”, кога имаме толку многу време да размислуваме и да ја анализираме ситуацијата однадвор? Да. Таму каде што растат дилемите – доаѓа надежта. А надежта е многу посилна отколку било кој страв што сте го вкусиле.

Одеднаш, еве го мај и ние го имаме тоа чувство на надеж што станува поголемо од кога и да е. Ни затоплува во срцето кога ќе видиме дека луѓето не заборавиле да се смеат. Во новото издание на “Воисес”, можете да прочитате интервју со вработен во Центарот за јавно здравје во Скопје, кој е во првите редови на борбата со “коронавирусот”. Тој е вистински херој со огромна насмевка. Ако некогаш сте се прашале како можете да допринесете за светот да стане подобро место, проверете ги приказните на волонтерите и можеби во иднина ќе сакате да станете еден од нив. Волонтеризмот води кон уште една тема – благодарноста. Сигурно дека секој ден можете да бидете благодарни за нешто или некому. Светот и натаму е прекрасен. Во овој момент можете да ја откриете убавината на бескорисните задоволства или патувањето со воз преку светот на “Воисес”. Бидете позитивни и читајте повеќе!