You are currently viewing VOICES JUNE 2022

VOICES JUNE 2022

“In the summertime, when the weather is hot, you can reach right up and touch the sky” –  Мунго Џери

Ахх конечно лето! Мило ми е што се гледаме повторно за ова јунско издание. Веќе ве гледам како со нетрпение очекувате да се капете во базен или vo море, како уживате во сладолед на балконот додека ги прелистувате страниците на новиот „Воисес“. Внимавајте да не изгорите на сонцето и пијте многу вода, бидејќи глобалното затоплување нема да  биде на наша страна денови… Лоша шега – извинете, релаксирање на атмосферата (хаха) не е моја специјалност.

Покрај тоа што е прв месец во летото, да не заборавиме дека јуни е и месец на гордоста! Поминаа 3 години откако Скопје го организираше својот прв „Pride“. За ЛГБТ – заедницата ќе бидат организирани разни настани како фиулсмки фестивал, изложни и концерти преку кои се промовира еднаквоста. Сите нбие треба да размислиме како живееме, бидејќи ништо не е трајно. Имајќи го тоа на ум, зошто секогаш чувствуваме потреба да се приврземе за некој друг, за својот имот, за нашиот тивок и безбеден дом иако знаеме дека еден ден сето тоа ќе заврши? Што треба да направиме за да се ослободиме од приврзаноста? Решението е во неприврзаноста, но може да се помеша со деповрзаност. Можете да прочитате повеќе за ова во нашето најново издание. Да бидеме искрени, имаме многу интересни натписи на различни теми.

Уживајте во „Воисес“ и живејте го летото!

Карол Алиберт

VOICES June 2022 PDF