You are currently viewing Повик за волонтер во Литванија!

Повик за волонтер во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект “Volunteering opportunities” во Литванија.

Место: Вилнус и Тракај, Литванија
Период:
Септември 2022 – септември 2023 (12 месеци)

За проектот: Проектот нуди волонтерски можности за неколку организации-домаќини (hosting) – различни организации имаат различни одговорности и активности. Преку неформалната едукација и работилници, волонтерите ќе имаат можност да организираат дневни активности и настани. На тој начин ќе стекнат нови вештини, ќе станат тимски играч и повеќе толерантни и одговорни граѓани.
Oрганизации-домаќини:
Основното училиште “Patirčių slėnis”
Отвореното училиште во Вилнус
СОС Детско село

Повеќе информации:  ТУКА
Проект партнер: Saltes (Литванија)

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 07.08.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.