You are currently viewing ВОИСЕС Јуни 2021

ВОИСЕС Јуни 2021

Во една работа сите сме согласни, дека изминатата година донесе многу бранувања, за некого можеби изгледаше како неколку години, а други пак сведочат дека им поминала многу брзо низ нивните очи. Она што сите ние, луѓето, социјалните битија, го доживеавме прилично тешко е оддалечувањето еден од друг. Пролетта го донесе она што сите го очекувавме: да не бидеме повеќе разделени.

Можеше да се види сјајот во очите на луѓето кога Евровизија се одржа пред публика од 3500 луѓе, и самото одбележување беше можеби најголемото до сега, дури и со толку малку присутни. Светското првенство во хокејот на мраз се одржа и националните тимови се собраа да се натпреваруваат за победа, да наздрават за настан што се одржува веќе 101-на година. Месецот на гордоста е тука, време да се обрне повеќе внимание на човековите права, да се поздрави разнобојната палета од нас. Летото ги отвара фестивалите ширум светот, музиката ќе ги исполни нашите срца и уметниците ќе ја споделат нивната страст што вистински ги придвижува.

Она што е интересно, особено во Македонија оваа година, е фудбалот. Тоа е историски настан бидејќи за првпат националниот тим се квалификува за УЕФА Еуро, и улиците на Скопје се исполнети со ентузијазам, граѓаните се возбудени, стојат заедно во поддршка на нивниот тим.

Прекрасно е да се види единството на луѓето преку сите овие настани и зголемувањето на надежта преку навраќање на заедништвото како човештво. Да се обидеме преку единство да изградиме подобар дом, да ја искажеме благодарноста кон Земјата за која копнееме со векови. Сите ние се враќаме назад со милиони отворени можности. Што е тоа што ќе го направите следно?

Селина Ниеми

ВОИСЕС Јуни 2021 PDF | ISSUU