You are currently viewing Bringing the Polish spirit into action: Welcome Anna!

Bringing the Polish spirit into action: Welcome Anna!

Cześć! Јас сум Ана, 22-годишна девојка од Полска која пристигна во Македонија преку проектот “Annual Growth”.

Има една сцена во една од моите омилени ТВ-серии: „Канцеларија“, во која Мајкл Скот вели: „Знаев точно што да правам, но во многу пореална смисла немав идеја што да правам“. Шегата настрана, се чувствував вака во ноември лани. Откако дипломирав новинарство и социјална комуникација, започнувајќи магистерски по информатичко општество (ах, уште една година пред компјутер), знаев дека нешто недостасува. Кога мојот пријател ми напиша среде ноќ за можноста за волонтирање во Македонија, не можев да бидам посреќна. Веќе знаев дека сакам да одам. Мислам, да бидам во друга земја со најдобриот пријател, да направам нешто што го сакам и да запознаам нови луѓе. Сериозно, сонот стана стварност.

Заминувањето од Полска не беше лесно, но едвај чекам да ја запознам Македонија и луѓето што живеат тука. Јас сум толку возбудена што учам за местото преку работите за кои сум страствена: музика, спорт и храна. Дефинитивно храна.

Идеите што ВЦС ги носи во светот, ме потсетува дека сè уште има многу луѓе кои веруваат дека не чини ништо да се биде добар човек. Ова е мој 5-ти ден овде и веќе сум изненадена како луѓето се однесуваат едни кон други. Мојата надеж е дека во следните 9 месеци ќе се обидам да бидам што е можно подобра, правејќи ги луѓето да се насмевнат, па дури и да се обидат малку да го променат светот.

Ана Марек