You are currently viewing ВОИСЕС Јули 2023

ВОИСЕС Јули 2023

Јули-месецот на долги летни ноќи, забави и сончево време!
Очекувањата од овој месец на годишни одмори се огромни секоја година! И зарем има подобар месец од Јули за читање на нашето последно издание на ВОИСЕС?
Јули е месец на патувања, без оглед дали се рајски плажи или високи планини во прашање. Нашата тема на месецот е од Камелија која зборува за тајната на добро ментално здравје на сите оние кои размислуваат за заминување во авантура на другата страна од светот. Надоврзувајќи се на ова, Анкица ви го пренесува нејзиното искуство на волонтирањето во Загреб што ве тера да патувате низ цела Европа.
Темата на месецот вклучува и археолошки откритија, историјата на Ромите и Хималаите. Ќе го запознаете и малку познатиот свет на жените во финската војска, интересната историја на албанскиот јазик и придобивките од терапија со психоделични дроги.
Минатиот месец нешто навистина големо се случи, огромна топка направена од пластичен отпад се тркалаше низ Скопје. Ако сте љубопитни како нас за оваа приказна, прочитајте повеќе за уметникот и неговата работа во ова издание на ВОИСЕС.
Се надеваме дека ќе имате одлични летни одмори и забавни патувања!
Фаим Бунуа