You are currently viewing Повик за волонтери во Хрватска!

Повик за волонтери во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Green Fingers” во Хрватска.

Место: Загреб, Хрватска
Датум: 16.09 – 25.10.2023 (6 недели)

За проектот:
Волонтерски тим од десетина волонтери ќе биде ангажиран во одржување на урбаните училишни градини во партнерските основни училишта (со цел да се научи и поучува за природното градинарство и екологијата), организирање градинарски фестивали, еколошки акции – чистење потребни локални и училишни области. Волонтерите ќе промовираат теми како заштита на животната средина и волонтерството.

Ова е проект за тимско волонтирање, па затоа отворен е и за оние кои биле на долгорочен ЕВС/ЕСК проект.

За повеќе информации: инфо-пакот

Партнер на проектот: Udruga O.A.ZA.

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го ВЦС формуларот за апликација на англиски јазик —> ВЦС формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирај преку: European Solidarity Corps portal
  4. Пополнете го OAZA формуларот за апликација на англиски јазик —> ОАZA формулар за апликација

Краен рок за аплицирање: 18.07.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.