You are currently viewing Повик за младинска размена во Македонија!

Повик за младинска размена во Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „HMB Soft and HEMA as a tool for battling youth inactivity“ во Македонија.

Место: Љубојно, Македонија
Датум: 26.07 – 3.08.2023

За проектот:
Проектот им овозможува на младите луѓе да развијат нови вештини и да научат за сопственото наследство преку HEMA (Историски европски боречки вештини) и HMB Soft (историска средновековна битка). HMB Soft е боречка вештина за млади спортисти кои користат заштитна (мека) опрема: меч, штит и се разбира, оклоп. Младите може да се занимаваат со мечување со штит и меч според развиените методи уште од мали нозе. Младинската размена ќе им даде можност на учесниците да ги подобрат и развијат компетенции и вештини како развивање стратегии, тимска работа, способности за решавање проблеми и креативен начин на размислување. Поради посебната локација на проектот, во рурална средина и Преспанското езеро во близина, учесниците ќе имаат можност да бидат во склад со природата, преку разновидни физички и други активности на отворено.
За повеќе информации: Инфо-пакетот

Партнери на проектот: Young Explorers for New Skills (Франција), Beli Orlovi – White Eagles (Србија), Manufactura Historica (Хрватска)

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 16.07.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.