Call for a Youth Exchange in Ankara, Turkey!

Call for a Youth Exchange in Ankara, Turkey!

Волонтерски Центар Скопје бара 7 млади учесници и 1 младински лидер од Македонија кои сакаат да учествуваат на младинската размена Empowering through storytelling.

Место: Анкара, Турција
Датум: 5.08 – 13.08 2021

Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација!

За проектотПроектот има за цел да ја зголеми вработливоста и да ги зајакне шансите за работа за младите, како и нивната самодоверба и самопочит. Цел на проектот, исто така, е да го подобри меѓукултурното знаење и подлабоко разбирање на европските проекти и вредностите на ЕУ. Секоја национална група ќе има по седум учесници на млади на возраст меѓу 18-25 и еден водач на млади (18+).

Повеќе информации: INFOPACK

Проектен партнер: Success For All (Германија)

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, значи сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативите. Сместувањето и храната се обезбедени.

Единствено секој учесник треба да плати 20 евра за котизација.

Како да се пријавите:

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за
Empowering through storytelling”)
3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
4.
Приложете го вашето CV на англиски
5.
Приложете го вашето Мотивациско писмо на англиски со одговор на следните прашања:

Кој сте вие?
• На која возраст сте?
• Зошто сакате да учествувате?
• На кој начин ќе допринесете за проектот?

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 14/07/2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.