Добредојдовте во јануари и во Новата година!
Името за првиот месец од годината потекнува од римскиот бог Јанус. Тој е Бог на сите почетоци и краеви, врати, транзиции и на времето. Со своите две лица, тој истовремено гледа во иднината и во минатото. На почетокот од Новата година, честопати се наоѓаме себеси како поставуваме решенија за иднината врз основа на работите што не сме ги постигнале во изминатата. На многу начини, сите ние по малку сме како Јанус. Половина од времето го поминуваме грижејќи се за иднината и ставајќи си притисок да ги постигнеме предвидените цели. Во другата половина, жалиме за минатото и посакуваме да ги направевме работите поинаку.
За разлика од Јанус, ние, сепак, можеме да ги избереме нашите лица, па затоа искористете го ова издание на „Воисес“ како потсетник да имате трето лице кое останува во сегашноста, дури и ако понекогаш е тешко и максимално да уживате во времето дури и во мрачните зимски месеци. На нашите страници можете да најдете мали потсетници во форма на Јанус. Можеби ќе ги најдете помеѓу написите што ве учат повеќе за зимската депресија, новогодишните „резолуции“, дабари и видео игрите. Или, пак, малите фигури на Јанус се кријат во различни видови поезија? Некои од вас можат да читаат и свое хаику!
Инспирирајте се од разновидноста на написите и поезијата и уживајте во почетокот на Новата 2024 година!
Фиона Шауман