You are currently viewing „HMB Soft и HEMA, како алатка за борба против младинската неактивност“

„HMB Soft и HEMA, како алатка за борба против младинската неактивност“

Склони сме да се вратиме на најважните моменти од годината кога веќе и се ближи крајот. Еден од таквите моменти, за нас, беше проектот „HMB Soft и HEMA, како алатка за борба против младинската неактивност“ со главната активност – младинската размена што летово се одржа во Љубојно кај Преспанското езеро во Македонија.

Само брзо потсетување – HMB Soft е кратенка за Historical Medieval Battle, а HEMA за Историски европски боречки вештини. За време на оваа младинска размена, младите од Македонија, Франција, Хрватска и од Србија истражуваа нови вештини преку испробување во неконвенционални спортови и активности.

Веруваме дека со финалните производи – видеото и брошурата – оживуваме некои убави спомени кај учесниците и инспирираме многу млади луѓе да земат учество во програмата „Еразмус+“.

Проектот „HMB Soft и HEMA како алатка за борба против младинската неактивност“ е финансиран со поддршка од Националната агенција на Франција и програмата „Еразмус+“ на Европската Унија.

HMB Soft and HEMA брошура