You are currently viewing Повик за волонтер во Полска!

Повик за волонтер во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Moving forward“ во Полска.

Место: Бидгошч, Полска
Период:
(12 месеци) март 2024 – март 2025

За проектот:
Волонтерот може да работи во канцеларија за меѓународни работи, „Europe direct”, библиотека, студио за дизајн, игротека, клуб за стари лица, музеј на фотографија. Опишаните активности имаат за цел да им овозможат на учесниците да ги подобрат или стекнат знаења, вештини, искуство, како и професионалните и „меките“ компетенции соодветни на областа на активност.

Повеќе информации: Инфопакот

Проектен партнер: WSG University in Bydgoszcz

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.