You are currently viewing ВОИСЕС февруари 2024

ВОИСЕС февруари 2024

Добредојдовте во февруари!

Името на вториот месец во годината доаѓа од латинскиот збор „Februa“ и значи чист. Во овој период имало „февруалии“ поврзани со празнување на почетокот на светата година, обреди на духовно прочистување и покајание за престапите. Оваа дефиниција се однесува и на подоцнежната фаза од овој месец кога зимата полека се приближува кон крајот и луѓето почнуваат со подготовките за претстојната пролет.

Како што сите добро знаеме, февруари може да биде во знакот на долгоочекуваниот „Ден на вљубените“. Поради овој празник, некои од нашите написи може директно да допрат до него. Заедно со „Денот на вљубените“ – конечно доаѓа и престапната година, што значи дека тековниот февруари ќе има ден повеќе од вообичаено, што се случува на секои 4 години.

Престапните години за прв пат биле воведени во 238 п.н.е. кога Египет вклучувал дополнителен ден секоја четврта година. Имајќи предвид дека некои важни фудбалски натпреварувања треба да завршат наскоро, како на пример, Африканскиот куп на нации или Купот на Азија, можам да ве уверам дека ќе добиете неколку погледи во фудбалскиот свет од лична перспектива!

Читајќи го нашето февруарско издание, можете, исто така, да дознаете повеќе вредни совети како да избегнете дезинформации на интернет, за споделувањето приказни или парадоксот на родова еднаквост. Уживајте во уште еден „Воисес“ при ова променливо време и без никакво сомневање ќе најдете нешто за себе.

Марцел Мањковски

ВОИСЕС февруари 2024 PDF