You are currently viewing Добредојде Алиса од Финска!

Добредојде Алиса од Финска!

Моето име е Алиса. Имам речиси 20 години, а доаѓам од Финска. Лани го завршив средното образование и моментално сум на пауза, обидувајќи се да сфатам што сакам да правам во иднина.

Во слободно време сум извидник, па поради тоа често сум во природа. Сакам кампување, планинарење и скијање во финските шуми, а во иднина би сакала да можам да го правам тоа и во странство. Сакам уметност и занаетчиство, неодамна се зафатив со шиење и хеклање како хоби. Исто така, сакам да откривам нови земји, нивните култури и да запознавам нови луѓе.

Во текот на овој месец додека сум волонтер во ВЦС, се надевам дека ќе научам што повеќе околу подготовката на магазинот „Воисес“ и организирањето настани и работилници, но и за себе… и можеби ќе добијам идеја за мојата иднина. Исто така, возбудена сум што ја запознавам македонската култура.

Алиса Копонен

Организација-испраќач: Allianssin nuorisovaihto