Врзете ги појасите. Крајот на годината брзо се приближува. Декември е месец на радост, среќа и можност да го завршите она што сте го започнале. Исто така, време е да размислуваме, да го разгледаме нашето минато и да правиме планови за новата година.
Сепак, не се задржувајте премногу на минатото. Земете шолја чај или чаша варено вино и фокусирајте се на сегашниот момент и на нашето ново издание на „Воисес“! Како и секогаш, можете да очекувате многу интересни написи кои ќе ви помогнат да се чувствувате инспирирано и мотивирано. Во ова издание нудиме различни аспекти – од истражување на бруталистичката архитектура на Скопје и објаснување зошто не можеме да престанеме да ја слушаме поп-музиката до проверка на состојбата на метаверзумот и потсетување на нашата внатрешна убавина. Па, дури и нешто повеќе за спортот! Дали некогаш сте се запрашале што го сочинува успехот? Дали е тоа среќа? Или напорна работа? Кралицата на гимнастиката Симон Бајлс неодамна откри брутална вистина за успехот. Инспирирајте се од нашето ново издание!
Ви ги испраќам најтоплите желби за среќна зимска сезона.
Јоланта Чиопчинска