You are currently viewing Повик за волонтер во Турција!

Повик за волонтер во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер заучествона долгорочен (9 месеци) ЕСК-проектподнаслов: “Sport for Social Support 3” во Анталија, Турција.

Место: Анталија и Демре, Турција
Датум: Февруари, 2022 година

!!! Можни се евентуални промени на проектните датуми, зависно од моменталната состојба со COVID-19 !!!

Волонтерот ќе биде одговорен за подучување англиски јазик и анимирање на децата со игри во градинка, да учествува со биолошки истражувања и да ја мотивира заедницата за зачувување на природата. Останатите задачи вклучуваат: поддршка на локалната заедница, преземање на општествена одговорност за проекти: иницијатива за опшетствено корисни активности: организирање на настани, младински и јазични клубови, работилници, интеркултурни активности за ликалните млади, спортски активности, промоција на Еразмус+ и ЕСК волонтерските можности, присутност во секојдневните (канцелариски) работи на организација, спремање на визуелна документација, инфо материјали, помош околу социјалните медиуми, учество во проектната дисеминација, како и учество во Еразмус+ младинските обуки.

Организација домаќин: LIDOSK (Турција)

За повеќе информации проверете го инфо-пакетот

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, значи сите трошоци за пат (до 275 евра) ќе бидат покриени, соглано со регулативите на Еразмус+. Сместувањето, осигурување, пари за храна и џепарлак, како и часовите по турски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Напишете го насловот на проектот во Предмет (на пр. Волонтер од Македонија, “Sport for Social Support 3”)
  3. Претставете се накратко и нагласете за кој проект сте заинтересирани
  4. Прикачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Прикачете Мотивационо писмо на англиски, во кое ќе одговорите на сл. прашања:
  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • На кој начин ќе придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 06.12.2021 година

Кандидатите ќе бидат известени за одлуката по истекот на крајниот рок, кога селекцијата ќе биде завршена.

Ги очекуваме вашите апликации!