You are currently viewing All Aboard the MentorShip

All Aboard the MentorShip

Волонтерски Центар Скопје е дел од проектотAll Aboard the MentorShip”. Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а го спроведува организацијата “Инфо фронт – Прилеп“ 

Главна цел на проектот е да се ​​обучат младински работници во областа на менторството преку споделување на добри практики и идеи, да се подигне квалитетот на менторството во рамките на структурата за поддршка на програмата Европски Солидарен Корпус, притоа нудејќи одличен квалитет на волонтерите на ЕСК.

Дел од приоритетите на проектот се:

  • Развивање на силна врска помеѓу менторите и волонтерите
  • Изнаоѓање на нови начини за мотивирање и инспирирање на волонтерите
  • Обучување на менторите на различни алатки и методи за поддршка
  • Обезбедување простор за споделување искуства и добри практики меѓу менторите
  • Проширување на мрежата помеѓу организациите кои работат со Европски Солидарен Корпус
  • Поддршка на новите и повратните волонтери на ЕСК.

Како дел од активностите се спроведе тренинг курс кој се одржа во Прилеп од 16-22.08.21, а беше организиран од организацијата “Инфо фронт – Прилеп“ каде што Волонтерски Центар Скопје учествуваше со свој претставник.

Како резултат од тренингот произлезе Прирачник за ментори PDF кој содржи насоки и алатки кои ќе ги зајакнат капацитетите на сегашните и идни ментори и ќе им помогне во поуспешна работа со волонтерите од програмата Европски Солидарен Корпус.