Веќе е август… Дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува името на овој месец? Месецот август е именуван по Октавијан Август (Caesar Octavianus Augustus), првиот император на Рим. „Аугер/Auger“ на латински значи „да се зголемува, расте“. Каков одличен месец за инспирација!
Натписот на нашата Клое „Заминување и збогување: неизбежниот чекор во волонтирањето“, која е тема на овој месец, е најдоброто нешто што треба да се прочита додека се збогуваме со летото. Во него можете да најдете многу искрени чувства и по малку тага.
Инспирацијата е токму она што ќе го најдете во ова издание на „Воисес“. Можете да прочитате за искуствата на учесниците на младинската размена во Струга: Седум дена за разбирање на човековата различност или, па, да прочитате како е „првпат да се живее во странство“. Можете да ја откриете јапонската филозофија на „Моќта на Кајзен“, која се базира на мотото „Промени на подобро“. Ако сте заинтересирани за јапонската култура, ќе ви се допадне и книгата: „Поправка на срцата: уметничко лекување во јапонската култура“ од Сашико. Овој месец ставаме силен акцент на културата и повеќе информации за тоа можете да најдете во натписот „7 милиони години историја“. Јазикот е еден од најважните делови на секоја култура и сигурни сме дека ќе ви биде интересна статијата: „Калеидоскоп на словенските јазици“
Се надеваме дека ќе имате убаво летно расположение, ќе создадете убави спомени со вашите најблиски и ќе уживате во новите звуци овој месец!
Елиф Акдоган