You are currently viewing Повик за волонтери во Литванија!

Повик за волонтери во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочниот ЕСК-проект Volunteering Opportunity in Youth Space VAGA” во Литванија.

Место: Вилнус, Литванија
Период: 01.09.2023 – 31.08.2024 (12 месеци)

За проектот:

Младински центар „Мес“ во Вилнус е најголемиот отворен младински работен центар во Литванија и се состои од 7 отворени младински простори. „VAGA е само една од нив. Главната цел на организацијата е да ги запознае младите и да се стреми кон исполнување на нивните потреби: организирање работилници, помош при домашни задачи или проекти за пишување, организирање летни кампови, заедничко готвење, гледање филмови, играње пинг-понг итн. Поентата е одржување безбеден простор за млади од различно потекло со цел да се дружат и да го поминуваат своето време после училиште, работа или универзитет.

Повеќе информации: Инфопакетот

Проектен партнер: “Mes” Vilniaus Atviras Jaunimo Centras

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.