Three weeks to leave their comfort zone: Welcome to our new Belgian volunteers

Three weeks to leave their comfort zone: Welcome to our new Belgian volunteers

Започна со одложен авионски лет поради технички проблем, но сега се конечно тука! Четири млади и љубопитни волонтери од Белгија се придружија на Волонтерски Центар Скопје и од 17 јули, па во наредните три недели ќе им бидеме домаќини на Алекс, Ине, Ишак и на Мухамед. Тие ќе добијат можност да станат новинари и графички дизајнери во магазинот „Воисес“, но и ќе помагаат во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари. Ајде да ги запознаеме нашите нови членови:

Ине, 21 година

Моето име е Ине, имам 21 година и живеам во Лувен, Белгија. Следниве години ќе студирам
социологија и политички науки. Моите интереси се се што е поврзано со Јапонија и со Кореа, пеење, мода, цртање, читање и игри. Се гледам себеси како уметник и љубопитна личност.

Минатата година, поради пандемијата имав многу време да размислувам за тоа кои се моите цели и моите соништа. Открив дека сакам да патувам и да научам за другите култури, да растам како личност и да го збогатам погледот. Тоа е и причината што во моментов сум тука во Скопје, Македонија. Прв пат сум во странство и по неколку дена мислам дека не можев да изберам подобро место за да го започнам моето патување отколку тука во Волонтерски Центар Скопје.

Кога првпат слушнав за проектот, бев навистина возбудена, но и малку исплашена, бидејќи ме чекаше сосема ново опкружување со луѓе кои не ги познавам и работни задачи што не сум ги правела досега. Но, успеав да го ставам стравот настрана, затоа што не сакам да ми го попречува ова искуство.
За време на мојот тринеделен престој тука, се надевам дека ќе научам многу нови работи, да излезам од мојата зона на удобност, да запознаам многу нови луѓе и да ги слушнам нивните приказни.

Исак, 21 година

Здраво, јас се викам Исак, имам 21 година и живеам во Антверпен (Белгија), но моите корени се марокански. Минатата година завршив машинско училиште. Името на моето училиште е Дон Боско. Имам А2 диплома.

Дојдов до овој проект преку младински центар и ова е мое второ слично искуство. Мојот прв проект беше во Словачка и траеше две недели, но според работите што ги направив и што ги видов, сигурно можам да кажам дека Македонија ми одговара повеќе. Не само што проектот е многу поголем отколку што очекував, туку луѓето се попријателски расположени и повнимателни отколку што мислев. Можев да бирам помеѓу три проекти и кога знаев какви проекти можам да изберам, направив сериозно истражување за проектот и за земјата и можам да кажам дека Македонија најмногу ми се допадна. Разговаравме и за овие три проекти со моите младински работници и тие, исто така, ми препорачаа да го земам овој проект затоа што треба да работите со деца и со млади, а јас го правам истото во мојата земја како волонтер.

Од моментот кога слушнав за оваа шанса, направив истражување за земјата и културата и она што го искусив во последните денови е многу подобро од она што го прочитав на интернет. Се надевам дека и другите денови ќе бидат одлични како и првите и дека ќе научам повеќе за културата на Македонија.

Мохамед, 21 година

Goeiemiddag, моето име е Мохамед, имам 21 година и во моментот уживам во врелото скопско сонце додека го пишувам ова. Роден сум и пораснав во градот Антверпен во Белгија, но моите корени се марокански. Во моментов студирам Менаџмент на канцеларија на колеџот „Артетис Плантин“ во Антверпен.

Веќе уживам во мојот петти ден во Скопје и можам да кажам дека времето поминува побрзо од ветерот. Никогаш не очекував дека ќе бидам во Македонија за проект со ВЦС, кој трае три недели. Ако некој ми го кажеше ова пред неколку месеци… Но, од денот кога пристигнав, запознавам само одлични луѓе. Луѓето од проектот се толку добри и внимателни со мене. Причината зошто го искористив овој проект е затоа што еден од социјалните работници во мојот роден град ме мотивираше да ја искористам шансата. Отпрвин не бев многу возбуден околу идејата, но откако ми рекоа повеќе за тоа и ми дадоа повеќе информации за Македонија, едвај чекав да ја напуштам Белгија и да дојдам овде.

Ова е мојот прв волонтерски проект. Моите родители беа многу вознемирени кога им реков за планот, не само затоа што ќе заминам во друга земја, туку и дека ќе ме нема околу три недели и како што знаете, тоа е многу долг период за родител. Но, ние одржуваме контакт од денот кога дојдов овде и се надевам дека следните две недели ќе ми бидат одлични како и првиот ден тука.

Алекс, 21 година

Здраво, јас се викам Алекс, имам 21 година и доаѓам од Белгија. Порано живеев во едно мало село, но на 17 години започнав да живеам самостојно во големиот студентски град Лувен. Минатата година ја започнав мојата прва година студирајќи ортопедагогија. Мислам дека благосостојбата на луѓето е многу важна и сакам да помогнам колку што можам.

Затоа, решив да следам курс за младинско советување, каде што ми беа покажани различни алатки за да им помогнам на младите во мојата област или да ги упатам на места каде што можат да ја добијат вистинската помош. Јас сум и амбасадор на младинска организација и следев курс за тимска работа. За мене е важно секој да може да биде свој и да нема премногу табуа за одредени теми, туку за сè да се дискутира.

Покрај студиите, јас сум авантуристички и љубопитен тип. Обожавам да истражувам непознати места, да спортувам, да се забавувам со семејството и пријателите и да слушам добра музика.

Кога слушнав дека можам да одам како волонтер во Македонија, бев крајно среќен, но и малку исплашен. Бев исплашен затоа што првпат волонтирам во странство, иако само 3 недели. Но, и покрај „здравиот страв“, јас бев неверојатно возбуден од тоа. Ме чекаше голема авантура.
Ова е мојот четврти ден во Македонија. Изминатите неколку дена беа толку различни едни од други. Со нетрпение го очекувам остатокот од моето време овде и се обидувам колку што можам повеќе да уживам и да научам од другите луѓе што ги запознав тука.

Сега можам да прецртам нешто од списокот со работи што морам да ги направам.