You are currently viewing Call for a Youth Exchange in Spain

Call for a Youth Exchange in Spain

Волонтерски центар Скопје бара 5 учесници (18 – 30 години) и 1 младински лидер (18+) од Македонија за учество во младинската размена „Newsfakers“ во Шпанија.

Место: Кастрило де ла Вега, Шпанија                                                                                                   

Датум: 23.08 – 30.08.2021

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

За проектот: Проектот им нуди на младите луѓе знаење за социјалните медиуми, лажни вести, говор на омраза и дезинформации. Исто така, проектот има за цел да ги промовира вештините за критичко размислување и да развие позитивен и безбеден пристап до медиумите.

За повеќе информации: Infopack

Партнер на проектот: Brisa Intercultural 

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 340 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Сместување и храната се обезбедени. Здравственото осигурување не е покриено. Сите учесници се советуваат сами да обезбедат приватно или патничко осигурување

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Newsfakers“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 22.07.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.