You are currently viewing Обука “Во Фокус”

Обука “Во Фокус”

Волонтерски Центар Скопје во моментов учествува во обуката “Во Фокус” што се имплементира од страна на АДРА Полска во Висла со поддршка на Полската Национална Агенција. Оваа обука им дава можност на учесниците кои доаѓаат од земји од ЕУ, Балкан и Кавказ да ги зајакнат нивните способности при борбата против социјалната исклученост и дискриминација, како и да развијат локални и меѓународни проекти кои ќе обезбедат нови можности за младите луѓе кои доаѓаат од маргинализирана средина.