Од 7 до 16 јуни, имавме шанса како претставници на Волонтерски Центар Скопје да присуствуваме на курсот за обука “Volunteering connecting communities 2.0“ во Драч, Албанија организиран од „Mladi volonteri” од БиХ, а домаќин беше “Beyond Barriers”. Целта на иницијативата, која опфаќа 25 младински работници, четири држави, училишта и средношколци е тие да бидат поддржани и охрабрени преку знаење и специјализирани инструменти од областа на волонтирање и вклучување на локално и на светско ниво.
Првиот ден беше слободен, па имавме време да ги разгледаме прекрасните плажи и морето во градот – испреплетени со многу архитектонски стилови од други цивилизации, модерни структури и суштината на Драч.
Проектот „Поврзани преку волонтерството 2.0“ беше презентиран во вториот дел од обуката, со цел вклучување на млади од областа на волонтирање во соработка со училиштата.
На третиот ден, отидовме на мала екскурзија во Тирана, главниот град на Албанија, која е познат по својот ноќен живот и архитектурата во Отоманската Империја, низ времето на комунизмот на плоштадот Скендербег. Статуата посветена на Скендербег, православната црква во центарот на градот, ботаничкиот парк, џамијата Етем Бег која е во фаза на реновирање… му дадоа прекрасен шмек на сончевиот ден.
Следниот ден го искористивме за работа во групи, каде се согласивме дека волонтирањето треба да биде без бариери и организирано, но бевме поделени околу тоа дали големите корпорации треба да вработат волонтери за да ги прошират своите капацитети. Имавме компромис дека волонтирањето треба да биде неплатено и добро организирано, но не може да се согласиме дали големите бизниси треба да користат волонтери за да ги зголемат своите капацитети.
Дел од работилниците беа фокусирани на ангажираност и на вклученост, а неизоставни беа енергетските вежби за зголемување на мотивацијата.
Оваа програма за обука ни помогна на нашиот професионален и личен развој. Тоа е идеален спој за учење нови вештини во областа на волонтерите, истовремено признавајќи ја различноста на културите и обичаите презентирани и прикажани од други учесници во проектот. Уникатните гледишта на дваесет и пет млади луѓе од различно потекло ни претставија разновидни согледувања за прашањата со кои се соочуваат младите, овозможувајќи ни да развиеме решенија за идна имплементација во нашите локални заедници.
Желбата за посветло утре ги преминува јазичните и културните бариери, а ние како млади сме подготвени да им помогнеме на идните генерации да ги постигнат своите цели.
Сибел Канзо
Невин Канзо