¡Hola Macedonia! The group of 7 VET students from Spain has arrived!

¡Hola Macedonia! The group of 7 VET students from Spain has arrived!

Тие дојдоа на крајот на Мај на практична работа во рамките на ВЕТ програмата. По поминато извесно време во нивните компании тие споделија за тоа колку забавна група се и спремни за акција!

Ја поздравуваме групата од студенти од Институтот Кавал Бернат која штотуку го заврши своето образование за туризам. Доаѓаат од Тераса, Барселона, на возраст помеѓу 19 и 25 години. Групата седуммина ја сочинуваат: Чави, Нил, Каролина, Давид, Паула и Шејла.

На почетокот од оваа година нивното училиште им ја претставила можноста за практикантство во рамките на Еразмус+ програмата. Групата се решава за доаѓање во Македонија каде што се распоредени во туристички агенции, хотели и слични компании. Можноста за работа во интернационална средина, да се споредат и разменат најдобрите практики, ВЕТ програмата има за цел зајакнување на практичното знаење и вештини на студентите преку изведување на практична работа во компании, институции и приватниот сектор, кои се заинтересирани за развојот на идната кариера на младите луѓе. Со комплетирање на практичната работа студентите добиваат кредити и сертификати за успешно изведено практикантство во друга земја, во рамките на своето образование. Оваа група од Шпанија ќе ги прошири своите компетенции од областа на туризмот наредните 2 месеца. Нивните Еразмус+ проекти се организирани од нашите партнери-Асоцијацијата Мундус која е организација посредник во нивното доживување во Македонија.

Според нивното кажување, тие се дојдени овде да ги подобрат своите јазични вештини, да запознаат нови луѓе, да ја запознаат македонската дивина и воглавном да ја завршат успешно својата практична работа.

Чави Монмани, 22 години:

Директно од Сабадел во Скопје. Кога зборува за очекувањата за времето што ќе го помине тука, тој нагласува: „Сакам да се забавувам, да го подобрам англискиот и да го извлечам најдоброто од практичната работа“. Чави смета дека Македонија е прекрасна земја, луѓето се добри, а храната неверојатно добра.

Нил Бајод, 23 години:

Секогаш насмеано момче кое доаѓа во Македонија од Тераса. Посакува вистински да ужива во ова искуство во Скопје и да напредува. Иако мисли дека Македонија може да делува чудно за странците на почеток, сепак е едно од најдобрите места што ги посетил.

Каролина Вера, 25 години:

„Скопје има многу потенцијали и ако го погледнете од поблиску, на крајот многу ќе ви се допадне“, вели таа, по извесно време поминато тука. Каролина доаѓа од Сабадел, истото место како Чави. Да се биде во Македонија и се дава голема можност да ги подобри своите јазични вештини и да запознае нови луѓе.

Давид Валеро, 25 години:

Родум од Тераса, но најголемиот дел од детството го поминал во селцето Бага. Тој е вистински возбуден да ја посети Македонија. Давид сака да се среќава и разговара со луќе со широки гледишта кои можат да внесат многу размислувања во разговорот. Македонија според него има многу богата историја и младите луѓе вистински си ја сакаат својата земја.

Виктор Куевас, 21 година:

Тој е роден во мало, шармантно селце Вакарисес. „Сакам да го подобрам мојот англиски јазик, запознаам нови луѓе и нови култури“-изјавува кога го запрашавме за неговите очекувања во наредните 2 месеца. За Виктор Македонија е помалку хаотична но полна со живот што ќе го направи неговото искуство уште подобро.

Шејла Лискано, 19 години:

Една од најмладите во групата. Ова искуство за неа е можност да стане поотворена и независна. Сеуште нема видено нешто надвор од Скопје но во наредните недели сака да истражи повеќе и да запознае нови луѓе.

Паула Јебенес, 19 години:

По потекло од Сабадел но живее во Барбера дел Ваљес. Нејзината цел овде е да се припреми за работа и да запознае многу луѓе кои евентуално би останале нејзини пријатели. „Ова е чудна земја, со повеќе различни страни, а Центарот изгледа сигурен и прекрасен“, ни кажа по неколкудневен престој тука.

Ја поздравуваме нашата група од Шпанија и им посакуваме прекрасен престој!