Здраво, јас сум Тања и моментално сум на ЕВС проект во Лисабон Португалија. Уште на почетокот бев екстремно возбудена што воопшто можам да станам ЕВС волонтер. Моите први впечатоци беа неверојатни, организацијата беше многу гостопримлива, почнав да живеам во нов град, во ист стан со луѓе од разни земји. Одлично искуство е да се работи со деца и лица со посебни потреби, и моја одговорност е да предложувам активности и проекти што ќе им помогнат да се интегрираат во општеството. Но, ЕВС не значи само помагање и волонтирање. ЕВС е мешавина од култури, традиции, патувања, запознавање нови луѓе, истражување, учење, уживање. Ова искуство ми даде шанса да пораснам како личност и да научам многу работи. Им препорачувам на сите да ја искористат оваа можност во животот и да го свртат светот.