You are currently viewing VCS on Student FM Radio 92.9

VCS on Student FM Radio 92.9

Денес, Среда, 30ти Ноември, ЕВС волонтерите од ВЦС, Кун тер Хеџ, Ава Баџи и ЕВС волонтерот во СОС детското село, Ема Линдберг, гостуваа на утринската програма на Студент ФМ Радио 92.9, официјалната радио станица на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје. Во програмата во живо, волонтерите говореа за нивните ЕВС проекти, а исто така стана збор и за програмата на ВЦС за одбележување на 5ти Декември, Меѓународниот ден на волонтеризмот. Се надеваме дека соработката помеѓу Волонтерски Центар Скопје и Студент ФМ Радио 92.9 ќе продолжи и во иднина.