Read more about the article Добредојде за Даша од Словачка!
Dáša, Slovakia

Добредојде за Даша од Словачка!

Здраво! Јас се викам Даша и доаѓам од Словачка. Ах, секогаш кога ќе ве прашаат да се претставите, заборавате на сè што некогаш сте знаеле за себеси. Сепак, се сеќавам дека уживам во основни работи како што се гледање филмови и серии, слушање музика, читање книги и прошетки. Да ме прашавте дали сум повеќе сакам…

0 Comments

Волонтерство, култура и нови хоризонти

Изминатите шест месеци поминати во Италија, претставуваат едно од најзначајните поглавја во мојот живот. Оваа уникатна можност ми отвори врати кон нови хоризонти, култури и перспективи кои несомнено ќе останат трајно впишани во моето сеќавање. Волонтерски проект и активности Благодарение на Волонтерски Центар Скопје, успешно аплицирав и бев избрана за волонтерски проект во Фаенца, Италија, чија главна…

0 Comments

Тимско доживување во романско село

Биљана и Сара од Куманово имаа можност да бидат дел од тимот на волонтери на проектот: „Solidarity in Community” што се реализираше во Извоареле, Романија и траеше еден месец. Во продолжение ви ги пренесуваме нивните впечатоци: Бевме сместени во прекрасна дрвена куќа во планински предел. Куќата ја делевме со шеснаесет волонтери од различни земји. За…

0 Comments

Повик за Ментори!

Дали сте друштвена, дружељубива личност, можеби барате нови предизвици и пријателства? Дали имате некакво волонтерско или искуство со мобилност? Во ВЦС сме домаќини на неколку меѓународни волонтери од Европа, кои се дел од програмата на „Европски Солидарен Корпус“. Вообичаено, тие за првпат доаѓаат во Македонија и бидејќи културната промена може да биде малку збунувачка –…

0 Comments

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Bright Future” во Полска. Место: Вроцлав, Полска Датум:  декември 2024 - декември 2025 (12 месеци) Повеќе за проектот: Станете дел на еден од волонтерските проекти во Вроцлав! Како волонтер ќе работите со деца, млади или лица со попреченост,…

0 Comments

Како љубовта и посветеноста го обликуваат светот

Претпоставуваме дека честопати сте слушнале дека „Еден човек сам не може многу да направи“, но доказ дека таа изјава не е сосема точна е учителката Рамона Бабос од градот Арад, Романија која е вистинска хероина. Не само затоа што е наш соговорник во ова интервју, туку затоа што успева на многу дечиња да им даде…

0 Comments

Добредојде за Тери од Франција!

Bèlbonjou! Јас сум Тери, роден сум во Франција, но доаѓам од најдобрата земја на Карибите - Гвадалупе! Да го реализирам својот ЕСК-проект тука во Македонија е голем предизвик за мене, бидејќи никогаш претходно не сум посетил ниту една балканска земја, ниту, пак, сум патувал надвор од ЕУ. Сакам да откријам сè за оваа прекрасна земја:…

0 Comments

Добредојде за Клои од Франција!

Здраво на сите! Јас се викам Клои, имам 21 година и доаѓам од Стразбур во североисточниот дел на Франција. Ме интересира откривање нови јазици и култура, поради што дипломирав на Отсекот за „Јазици и интеркултуралност“. Учев англиски, руски и бугарски јазик. Додека студирав, добив можност да учествувам во неколку летни школи во Бугарија. Уживав во…

0 Comments

VOICES November 2024

Несогласувањата честопати започнуваат поради разлики во мислењата, сеедно дали се на училиште, дома или на друштвени собири. Овие разлики може да доведат до конфликти кои, пак, ако не се изменаџираат внимателно, може да наштетат на релациите меѓу луѓето. Според мене, неопходно е да се разговара за сите теми, особено кога се однесуваат на важни прашања.…

0 Comments

Добредојде за Матиу од Франција!

Јас се викам Матиу, имам 19 години и доаѓам од Франција. Многу сакам фотографија, видеа и видео-игри. Кога имам време, практикувам барем една од овие три работи. Моето школување запре со стекнувањето на диплома за завршено средно образование и, всушност, откако донесов одлука да излезам од мојата удобна зона и да правам работи, за кои…

0 Comments

Од волонтерскиот дневник на Бате Даки: „ЕСК не е само волонтирање“

Многу често кога зборуваме за волонтирањето – зборуваме за добротворна и неплатена работа со која придонесуваме во заедницата, со додавка дека притоа се стекнуваат различни вештини, искуство и знаења. Но, за разлика од класичната волонтерска работа, ЕСК (Европскиот Солидарен Корпус) е многу повеќе од се претходно наведеното. А што е поразлично? Па, според моето животно…

0 Comments

Green washing – Актуелниот релативизам како можност за осознавање на сопствената вистина

Волонтирајќи во една од водечките невладини организации во Хрватска за заштита на животната средина и природата – „Sunce“, моето јас доживеа раст и преобразба во многу насоки. Рутински работејќи на настаните, работилниците во склоп на волонтирањето, незабележително и потсвесно длабоко почнував да ја гледам и анализирам суштината позади истите. Од ден на ден се запознавав…

0 Comments

Добредојде за Маике од Германија!

Здраво :) Јас сум Маике и доаѓам од Бон во Германија. Неодамна завршив средно училиште, но пред да одам на универзитет каде планирам да студирам интердисциплинарни науки, сакав да стекнам нови искуства, особено интеркултурни, интерперсонални и лични, како и да научам работи надвор од училиштето. Па, тоа е она што ме доведе до ВЦС и…

0 Comments

Добредојде за Софија од Германија!

Здраво на сите! Јас се викам Софија и имам 18 години. Откако летово завршив средно училиште, го напуштив мојот прекрасен роден град во југозападна Германија за да изградам нов дом овде - во уште поневеројатното Скопје. Многу сум заинтересирана да истражам што е можно повеќе за ова посебно место во срцето на Балканот и локалните…

0 Comments

ВОИСЕС октомври 2024

Споделување… Што е тоа? Пред да дојдам во Македонија, знаев дека една од главните задачи ќе ми биде пишувањето во „Воисес“. Искрено, пишувањето не ми беше омилено хоби, но кога ја осознав неговата важност - почнав подлабоко да размислувам што значи споделувањето. Според речникот на Кембриџ, дефиницијата гласи: „да му кажеш на некој друг за…

0 Comments

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Volunteering in Poland” во Полска. Место: Милич, Полска Датум: што е можно поскоро (9 месеци) Повеќе за проектот: Волонтерот треба да е мотивиран и посветен на задачите. Да зборува течно англиски јазик и да биде проактивен. Со широки…

0 Comments

Од волонтерскиот дневник на Бате Даки: „Мислам дека сум многу побогат“

Во Арад, Романија живеам речиси половина година, што значи одамна ја оставив зад мене првата половина од мојот волонтерски проект. Зошто ме немаше да се јавам со текст претходно? Бидејки не знаев на што да се насочам и како тоа да го опишам. Причината е што се соочив со некои предизвици што сега ме прават…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Нина од Аруба!
Nina, Aruba

Добредојде за Нина од Аруба!

Здраво, јас се викам Нина и доаѓам од прекрасниот остров Аруба. Уживам да одам на плажа, да пешачам со пријателите и со семејството и да минувам квалитетно време со нив. Но, исто така, сакам и кога сум сама, бидејќи некогаш и осаменоста е неопходна. Можам да бидам и екстровертна и интровертна личност. Има моменти кога…

0 Comments

ЕСК за почетници: Кисели краставички во една рака, животни лекции во друга

Глава прва Уште пред конечно да се спакувам за една година живот надвор од дома (чувството беше како да се обидувам да соберам цел циркус во кутија за чевли), веќе замислував што ќе напишам во овој прв извештај. Ги читав сите текстови од претходните волонтери, мислејќи што ќе кажам кога конечно ќе стигне мојот ред.…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Лукаш од Словачка!
Lukáš, Slovakia

Добредојде за Лукаш од Словачка!

Здраво, јас сум Лукаш! Имам 26 години и доаѓам од Словачка, но повеќе од шест години живеев во Чешка, каде студирав. Имам една магистерска диплома по социјално образование и советување, како и една за обука за издржливост и кондициски тренинг. По дипломирањето, волонтирав четири месеци во Франција преку програмата Workaway, што не само што ми…

0 Comments