You are currently viewing Лето, сонце и часови по германски во градскиот парк

Лето, сонце и часови по германски во градскиот парк

 

Во среда навечер, германските волонтери Крис и Клариса од ВЦС го организираа нивниот прв разговорен час по германски јазик лице в лице!

На еден од најтоплите денови во Скопје оваа година, учесниците од Македонија, Германија, Полска, Италија, Азербејџан и Ерменија се собраа во Градскиот парк. Со студена вода и сладолед тие ја преживеаја топлината и се запознаа меѓу себе. Преку игри за комуникација и кревање на енергијата сите беа вклучени во групата и се градеше тимскиот дух. Сите беа согласни дека е одлично да се напушти својата зона на удобност и конечно да вежбаат говорење германски.

Во случај и ти да сакаш да го вежбаш твојот германски и во исто време да запознаеш нови луѓе – придружете ни се наредната седмица!

Каде: Фонтана Градски парк

Кога: среда, 7ми јули во 19.00 часот