You are currently viewing Денови што им го променија животот: Довидување пријатели од Шпанија

Денови што им го променија животот: Довидување пријатели од Шпанија

Не толку одамна им велевме здраво, а сега е време да се разделиме. Елиас, Себастијан, Едуардо и Нереа ја завршија својата програма за стручно образование и обука. На крајот од нивното патување во Македонија, тие споделија што ги научи ова искуство.

Во втората половина на мај, пристигнаа во Скопје за да добијат пракса поврзана со нивната професија. Сите учат слика и звук во Уеска. За време на 40-дневниот престој во Скопје, тие работеа во националната телевизија „Алфа“ за да стекнат искуство во практична работа. Разговаравме индивидуално со нив за да дознаеме што чувствуваат и што најмногу ќе им недостасува.

Елиас
Одлуката да се оди во Македонија беше донесена во последната минута. Отпрвин, бев толку збунет, но сега сум многу благодарен затоа што тоа беше едно од најдобрите искуства во мојот живот, вели тој. Елиас е сигурен дека еден ден повторно ќе ја посети Македонија. Научи многу работи, не само на професионално поле, туку и лично. На почетокот, јазикот беше проблем за него, не само македонскиот, туку и англискиот, бидејќи тој никогаш не зборуваше на англиски јазик. Времето во Скопје го научи многу како да комуницира со луѓето и како да има доверба во себе. Тој додава: Ова искуство беше неверојатно, луѓето, културата, храната и повеќе работи. Ме натера да пораснам многу професионално, но пред сè лично.

Себастијан
Нему ќе му недостасува Скопје и луѓето со кои се сретнал за време на присуството тука. Себастијан научил многу за местото и балканската култура воопшто. „Покрај професионалните работи, поради што дојдов тука на прво место, научив да читам кирилица и тоа е нешто што можеби никогаш немав да го направам ако не дојдев овде. Ги подобрив моите англиски говорни и социјални вештини затоа што морав повеќе да се обидам да комуницирам со луѓе кога јазикот не беше доволен“, вели тој. На крајот, тој препорачува да ја искористите шансата и да пробате работи што понекогаш може да бидат надвор од зоната на удобност. Тоа е нешто што секој треба да го направи барем еднаш во животот, тоа ве тера да растете како личност и да развивате страни од себе за кои можеби никогаш не сте размислувале.

Едуардо
Среќен сум што ја запознав оваа земја, но истовремено и тажен затоа што треба да одиме, но убавите времиња и добрите луѓе што ги сретнав тука ги чувам во моето срце затоа што тие помогнаа нашите денови да бидат многу добри, споделува најмладата личност во групата. За него беше многу важно да научи нови вештини на професионалното поле, но исто така, и животот во друга земја го научи како да ги надмине тешкотиите како што е јазикот. На Едуардо ќе му недостасуваат луѓето што ги запознал, работејќи во телевизијата. Искуството овде беше многу богато и интензивно, особено во почетокот затоа што тој не беше навикнат да биде далеку од неговата удобна зона. Но, на крајот, случајно, тој се сретна со една фантастична земја.

Нереа
Единствената девојка во групата сакаше да запознава луѓе од други култури и да учи малку за секоја од нив. Таа навистина уживаше во градот: пријатен и со многу зелени површини. Кога Нереа размислува за работите што ги научи тука, таа вели: Научив да живеам со култури различни од моите и во домот и надвор од домот. По заминувањето од Скопје ќе и недостигаат луѓето што ги запознала, Старата чаршија и гевреците што ги продавале во киоскот под нејзината куќа.

Ние секогаш сме тажни кога ќе дојде време за збогување, особено со ваква неверојатна група како оваа. Но, не се разделуваме засекогаш, се надеваме дека наскоро повторно ќе се сретнеме! Им посакуваме се најдобро во нивната професија и се надеваме дека искуството што го стекнаа тука ќе остане со нив уште долго.

Ања Марек, Кацпер Крол