Во четврток на 10ти мај, со почеток од 20:00 во Менада ќе се одржи изложба на фотографии направени од страна на децата од Дневниот центар за деца од улица во Автокоманда. Фотографиите се направени со користење на камери за една употреба кои децата требаа да го сликаат животот околу нив. Идејата за изложбата потекнува од Сара Фантова, ЕВС волонтер во Волонтерски Центар Скопје. Повеќе за нејзиниот проект може да најдете во априлското издание на магазинот ВОИСЕС … Се гледаме во Менада.