You are currently viewing Сакате ли да учите кинески јазик?

Сакате ли да учите кинески јазик?

Волонтерскиот Центар Скопје ви дава фантастична можност за тоа преку организирање јазично катче, работилница на која можете да се запознаете поблиску со кинескиот јазик, кинеската култура, историја, традиција и кинеските фестивали. Целта на оваа работилница е презентирање на кинеската култура и доближување до македонската младина и македонските граѓани. Оваа работилница ќе почне од вторник 8 мај и ќе заврши на крајот на јуни. Работилниците ќе се одржуваат двапати неделно, секој вторник и четврток од 16:00-17:30. Ќе бидат организирани во 16 сесии во кои можете да дознаете повеќе за кинеската култура, историја, традиција, традиционална облека и традиционална храна. Исто така, ќе биде организиран основен мини курс по кинески јазик, во кој можете да научите некои основни фрази, граматика и мал фонт на зборови кои се потребни за основна комуникација во секојдневниот живот. За подетални информации можете да не контактирате по телефон 02 /2772-095 или преку е-маил: vcs_contact@yahoo.com. Учеството е бесплатно!