Волонтерски Центар Скопје успешно организираше и реализираше 2 Тркалезни Маси со работен наслов: „Подигнување на свеста на приватниот и јавниот сектор за релевантноста на учењето преку работа“, кои ги опфатија Источниот и Пелагонискиот регион. На Тркалезните Маси, 28-ми во Штип и 30 Ноември во Битола, покрај училишните координатори за учење преку работа, присуствуваа и преставници на стручни училишта, преставници од бизнис секторот и преставници од локалната самоуправа.
„Учењето преку работа преставува најдобар начин за учење на вештини потребни на бизнис секторот“-велат националните експерти Д-р Соња Ристовска и М-р Чедомир Димовски, кои ги водеа Тркалезните Маси.
Проектот „Обезбедување на квалитет во работата на координаторите за врски со компаниите“ е финансиран од австриското Федерално Министерство за образование, наука и истражување, во соработка со нашето Министерство за образование и наука и Центарот за Стручно Образование и Обука. Проектот е од регионален карактер и е во координација на OЕAD-агенцијата за образование и интернационализам од Австрија, а во него се вклучени и Косово и Албанија.
Волонтерски Центар Скопје како повеќегодишна партнер-организација е задолжена за локалната логистичка поддршка и успешна имплементација во Македонија.
Партнери:
OeAD
OeAD Cooperation Office Tirana
Министерство за Образование и Наука
Центар за стручно образование и обука