You are currently viewing PROJECT “SCHOOL MEETS BUSINESS”

PROJECT “SCHOOL MEETS BUSINESS”

По одржувањето на Модул 1 за училишни координатори, кој се одвивање онлајн преку платформата Zoom, Волонтерски Центар Скопје го организираше и имплементираше Модул 2 од проектот „Училиштето се среќава со компаниите“.

На почетокот на месец Јули се одржаа тренинзите за училишни координатори наменети за професори од стручните училишта од цела Македонија. Со тренинзите беа вкупно опфатени 3 групи на учесници, со времетраење од 3 дена за секоја група. Обуката се одвиваше со физичко присуство, во пријатниот амбиент на хотел Континентал во Скопје.

Овие обуки за промоција на училишни координатори како посредници помеѓу стручните училишта и компаниите каде учениците ја извршуваат практичната работа се дел од проектот „Училиштето се среќава со компаниите“ на австриското Федерално Министерство за образование, наука и истражување, во соработка со нашето Министерство за образование и наука и Центарот за Стручно Образование и Обука. Проектот е од регионален карактер и е во координација на OЕAD-агенцијата за образование и интернационализам од Австрија, а во него се вклучени и Косово и Албанија. Волонтерски Центар Скопје како повеќегодишна партнер организација е задолжена за локалната логистичка поддршка и имплементација на проектот во Македонија.

Проектот „Училиштето се среќава со компаниите“, по краткото одложување поради пандемијата и рестрикциите продолжува да се одвива успешно. Во тек се подготовките за Модул 3 кој е планиран за Август, за истите 3 групи на учесници, а ќе биде заокружен со Финален настан и промоција за сите групи кои досега земаа учество на обуките.

Горан Галабов