Повик за младинска размена во Струга, Македонија!

Повик за младинска размена во Струга, Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 млади учесници (16-20 години) и 2 младински лидери (20+) од Македонија кои сакаат да учествуваат на младинската размена CUTE: Cooperate Understand Tolerate Empower.

Место: Струга, Македонија
Датум: 10.08 – 18.08 2021

Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација!

За проектотМладинската размена има за цел да ги подобри личните и професионални вештини на младите по однос на меѓукултурна соработка и самосвесност.

Повеќе информации: INFOPACK

Проектен партнер: Hang-Kép Kulturalis Egyesület (Унгарија)

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, значи сите патни трошоци ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативите. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да се пријавите:

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за
CUTE: Cooperate Understand Tolerate Empower”)
3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
4.
Приложете го вашето CV на англиски
5.
Приложете го вашето Мотивациско писмо на англиски со одговор на следните прашања:

Кој сте вие?
• На која возраст сте?
• Зошто сакате да учествувате?
• На кој начин ќе допринесете за проектот?

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 25/07/2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.