You are currently viewing National Workshop for verification of the results

National Workshop for verification of the results

Волонтерскиот Центар Скопје како координатор, организатор и логистичка подршка на проектот „Училиштата се среќаваат со компаниите“ на национално ниво, на 21.02.2019 година, во хотел Парк, Скопје организираше целодневна Национална Работилница за Верификација на резултатите од Регионалната работилница за Македонија, Албанија и Косово. Проектот е финансиран од австриското Сојузно министерство за образование, наука и истражување, а го имплементира КултурКонтакт од Австрија во соработка со Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука на Македонија и има за цел да ги зајакне капацитетите и компетенциите на средните стручните училишта преку промоција на училишни координатори за подобра професионална соработка со компаниите и бизнис заедницата.