Многу ми е драго што сум дел од тимот во Can Gual Residence и што работам со такви неверојатни луѓе. Нашиот распоред е многу флексибилен.
Откако пристигнав во центарот пред две недели, направивме список на одредени активности што треба да ги завршиме до крајот на март:
- Реставрација на клупите и изградба на нови маси за градината;
- Довршување и давање намена на старо стебло кое го започнал претходниот волонтер Луиџи;
- Завршување на скулптурата – животно;
- Чистење и одржување на местата за кози и кокошки;
- Да направиме градина со овошје и зеленчук;
- Обнова на стара палета и подготовка на саксија за садење билки;
Досега ги реализиравме 1-та, 4-та и 6-та активност, а моментално работиме на 2-ра и 3-та. Со градината ќе започнеме околу втората половина на овој месец, бидејќи ја чекаме пролетта.
Освен оваа листа на цели што ја поставивме, во меѓувреме работиме на нашата поврзаност со младите во центарот, се трудиме да се поврземе и подобро да се запознаеме. Тие ми помагаат со мојот шпански, а јас им помагам со англискиот. Тие се многу љубопитни, а исто така трпеливи, сакаат да научат повеќе и се обидуваат да разберат што се обидувам да кажам кога не ги знам вистинските зборови на шпански јазик. Тие сакаат да научат за мојата култура и правиме споредби меѓу мојата и нивната земја.
Едно нешто што ме направи многу среќна е тоа што бев поканета на меѓународна прослава на Денот на жената за да ги научам младите за интересни факти за познати жени кои го променија светот. Овој настан беше многу посебен, бидејќи повеќето момци доаѓаат од места каде жените немаат многу права и се уште не се навикнати на фактот дека овде во Европа жените и мажите се еднакви. Ме радува тоа што покажуваат интерес да научат повеќе и што сакаат да се прилагодат на различна култура.
Сандра Славеска
ЕСК-проект: “A través de tus ojos”, Fundació Eveho