You are currently viewing Повик за обука во Германија!

Повик за обука во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “R.I.S.E. – Intercultural Competence Training” во Германија.

Место: Остерхолц Шармбек, Германија
Датум: 23.05 – 30.05.2023

За проектот:
R.I.S.E. (Отчет (R), Меѓународни тимови (I), Самосвест (S), Изразување (E)) е обука која ги истражува интер-културните вештини во рамките на локалната, национална и меѓународна младинска работа.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: NaturKultur Bremen e.V.

Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: час поскоро

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.