You are currently viewing Повик за волонтер во Германија!

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Local Community Connections Volunteer” во Германија.

Место: Бремен, Германија
Датум: 05.09.2023 – 31.08.2024 (12 месеци)

Повеќе за проектот:

Нашиот партнер NaturKultur има потреба од волонтер, дружељубива личност, која е заинтересирана за вмрежување и запознавање на организации и млади луѓе во Бремен.

Некои од задачите:
-Вмрежување со други организации во градот и околината, како младински центри, универзитети, НВО, градскиот совет и потенцијално нови хостинг организации.
-Организирање локални активности и проекти
-Организација на тури во Бремен за учесниците на проекти и поддрѓка на тимот со локални активности во Гарлштад и Бремен.

Повеќе информацииТука

Организација-домаќин: NaturKultur Bremen e.V.

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирај преку NaturKultur.

Краен рок за аплицирање: 31.03.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.